АПЕЛАЦИСКИ СУД СКОПЈЕ

Груевски и неговите соработници денес на јавна седница за жалбите за „Титаник"

Во Апелацискиот суд Скопје денес на јавна седница треба да се појават екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Мили Јанакиески, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Седниците се закажани откако СЈО за случајот „Титаник" се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите место притвор, им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната.

Денес на јавната седница во Апелацискиот суд Скопје аргументите за жалбите ќе ги соочат двете спротивставени страни, по што второстепениот суд има рок од 48 часа да донесе одлука. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе