Основниот ја доби пресудата од Апелацискиот суд

Груевски го чека упатниот акт, потоа треба доброволно да замине во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелацискиот суд пристигна во Кривичниот суд од каде ќе биде распределен дежурен судија за санкции. Со ова започнува 8 дневниот рок за испраќање упатен акт за пријавување во затвор. Според законот, Груевски по добивање на упатниот акт има рок од најмногу две недели за доброволно да се јави во затворската установа што ќе му ја одреди судијата за извршување санкции од Кривичниот суд.

„Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како 'Тенк' ,од Апелациониот суд денеска беше доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката", соопшти Основниот суд Скопје 1. 

Груевски е осуден во случајот „Тенк" на СЈО, за незаконито влијание во набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард" од безмалку 600.000 евра. Поповски е осуден за истиот случај.

Осудениот Груевски може да бара одложување на издржување на затворската казна со точно наведени причини за тоа. 

Груевски и Поповски можат да искористат вонредни правни лекови за преиспитување на одлуката на Апелација, но тоа не го одлага извршувањето на казните. 

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе