ГРОМ: Заев да застане со своите непромислени постапки

На прес-денешната конференција , организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов го изнесе ставот на партијата за последните политички збиднувања, а воедно го повика лидерот на СДСМ „да застане со своите непромислени постапки“.

На прес-денешната конференција , организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов го изнесе ставот на партијата за последните политички збиднувања, а воедно го повика лидерот на СДСМ „да застане со своите непромислени постапки“.

„Малку му беа петте месеци што државата внатре ја претвори во ’сапуница’ или ефтина турска серија, сега не резили и на меѓународен план. Неговиот ’бомбашки процес’, за жал се претвори во општа деструкција во која првични жртви се туризмот, севкупната економија дури и стабилноста на земјата, но првенствено и пред се граѓаните на Македонија. Токму тој, ни кажува дека станува збор за нелегално прибавени разговори за период од 2011 до 2013 година, а истите ги користи како аргумент за нерегуларности на парламентарните избори во 2014 година“, рече Пренџов.

Смета,  Заев  покажал како човек без идеја, но со јасна цел – „ на секој начин да се дограби до власта, не бирајќи средства и начин, а притоа не бирајќи ниту цена“.

„Тоа го потврдува и последната бламажа што државата Македонија ја доживеа на меѓународен план. Пропаднатите преговори во Брисел одат исклучиво нему на совест и душа. На Заев очигледно ништо и никој не му чини. Прво беше Владата и Груевски, сега во фокус му е и медијаторот Хан, но, очигледно и никој од меѓународната заедница задолжен за постигнување политички компромис во земјата и надминување на кризата“, рече на конференцијата Пренџов.

Според него, оваа ова го порачал и известувачот за Македонија, Иво Вајгел кој отворено го вперил прстот во Заев како кочничар во постигнувањето договор, а на Твитер јасна порака испратил и шведскиот дипломат Карл Билт, кој, како што вели, јасно кажал дека Јоханес Хан има поддршка од ЕУ за медијатор во разрешување на политичката криза во Македонија.

Смета  дека ултимативниот пристап на Заев воопшто нема за цел да постигне било каков компромис, туку, како што вели, единствена цел му било „што поскапо да се продаде кај дел од своето членство“.

„Ваквата ефтина приказна за среќа ’ја прочитаа’ и домашната и меѓународната јавност и очекуваме во најскоро време тоа да му го предочат на сосема разбирлив јазик за него“, рече Пренџов.

Истовремено, Пренџов се обрати до првиот социјалдемократ и рече дека „Македонија не е ваша ’Желботека’, па се што ќе посакате да постигнете“.

Во однос на ставот на ГРОМ во однос на идните случувања и можноста за формирање преодна Влада, Пренџов потенцираше дека партијата целосно го поддржуваат договорот од 2 јуни, кој бил јасен план и компромис со кој Македонија треба да постигне определени законски измени за посочените поглавја

„Треба да имаме избори најдоцна до месец април другата година, каде граѓаните ќе го дадав конечниот избор и конечно да се реши политичката криза во Македонија. Нашиот став е дека ГРОМ не се согласува со формирање на преодна Влада бидејќи сметаме дека изборите во 2014 година беа фер и демократски“, рече претставникот на ГРОМ.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе