По информацијата дека 210 македонски државјани не отстапуваат

Скопјанки со порака до агенцијата „Го травел“: Вратете ни ги парите, патувањето за 8 Март во Италија е ризик

Неколку македонски државјанки што уплатиле да патуваат во Италија со туристичката агенција „Го травел“ од Скопје, по објавувањето на информацијата дека 210 македонски државјани ќе патуваат во Италија за 8 Март и покрај опасноста од коронавирусот, се јавија во редакцијата на МКД.мк. Нивната верзија е поинаква и велат дека побарале да им бидат вратени парите назад, бидејќи не сакаат да ризикуваат да патуваат во Италија, не сакаат друга дестинација и не по своја вина го откажуваат аранжманот, но агенцијата им одговорила дека пари не враќаат.

„Јас и колешката уплативме за 8 Март во Италија, но ете, состојбата со коронавирусот направи нова ситуација и откажавме. Од агенцијата ни беше кажано дека мора да одбереме нова локација и дека пари не враќаат, но ние не сакаме да патуваме на друго место. Ако и нас нè бројат во тој список од 210 лица, тогаш во ред, нивен избор. Од агенцијата ни беше кажано дека мора да се појавиме на 8 Март и дека ако не дојдеме, парите пропаѓаат. Како да дојдеме кога цел свет е во страв од коронавирусот? Зарем сме будали да одиме во Италија, каде што има таков вирус, само заради едно патување? Тука има мајки со деца што уплатиле. Мислите ли дека некоја мајка за патување во Италија ќе ризикува да се зарази од коронавирус и да му го пренесе на своето дете? А и лично ние, зарем би ризикувале да заболиме од коронавирус заради едно патување?“, прашува скопјанка чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата.

И таа и нејзината колешка го делат истиот став, дека здравјето е на прво место, дека тоа е поважно отколку да се патува, како и дека не може агенцијата да не враќа пари или да им кажува на клиентите дека им пропаѓаат парите ако не по нивна вина се откажува патувањето.

Двете граѓанки што уплатиле патување во Италија велат дека агенциите не треба да го гледаат само профитот, туку и состојбата со коронавирусот, која е алармантна.

Менаџерскиот тим на агенцијата има поинаков став. Велат дека се загрижени за состојбата, но дека има и такви граѓани што по секоја цена сакаат да патуваат.

Тие демантираат дека им кажале на клиентите дека мора да се појават на 8 Март, инаку ќе им пропаднат парите, и појаснуваат дека дополнително ќе донесат одлука како ќе постапуваат.

Не знаеле дека Владата донела препорака да се откажат сите патувања и екскурзии и велат дека дополнително ќе одлучат, откако ќе одржат состанок со одговорните инспектори. 

„Не сме ја виделе одлуката од Владата. Но и да е така, не знаме како ќе постапиме бидејќи прв пат се соочуваме со ваква состојба. Ќе имаме состанок и ќе постапиме онака како што ќе ни наложат одговорните инспектори“, велат од агенцијата.

 

К.Д.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе