Оттаму додаваат дека со планираната акција за разеленување на Скопје предвидени се буџетски средства за набавка на 10.000 дрвја од разни видови, кои ќе бидат садници постари од 6 години и не пониски од 3,5 метри, а тие ќе бидат и мапирани.
На денешната прес-конференција, градоначалникот Шилегов најави дека засаденото дрво ќе биде посветено на човековите права со изгравирана плочка донирана од збратимениот град Нирнберг, на која ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации. Тој гласи: „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него".
Инаку, дрвото гинко (науч. Ginkgo biloba) е листопадно дрво кое во својот животен век може да расте и до 40 метри со густо разгрането стебло во пирамидален облик, кое се одликува со голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, радијација, инсекти итн.). Toa е едно од најистражуваните дрва во светот со голем број научни трудови за него. Големиот интерес за гинкото произлегува оттаму што му се припишуваат голем број лековити својства.