Интервенција на 15 пожарникари со 5 возила

Готвејќи си го запалиле станот, изгаснат пожарот во Карпош, нема повредени

Тимот пожарникари на Противпожарната бригада целосно го изгаснаа пожарот што попладнево избувна во стан во населбата Карпош. Интервенцијата на 15 пожарникари кои на терен беа со 5 возила, траеше околу половина час. Во пожарот повредени лица нема, а причинета е материјална штета.

„Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова" во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат", изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Дојавата дека има пожар екипата ја добила во 13,30 часот и веднаш се упатиле на терен. Пожарот целосно е изгаснат.

Според првичните, неофицијални информации огнот избувнал поради невнимание при готвење и брзо се проширил во кујната, па и низ целиот стан.

Противпожарната екипа успеала да спречи огнот да ги зафати и останатите станови во зградата.

Станот во кој се интервенираше е изгорен, а официјалните причини за настанување на пожарот ќе се знаат откако ќе биде завршен увидот на терен кој е во тек.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе