ОПШТИНАТА НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ДЕПОНИЈАТА

Гори тетовската депонија, ветерот го отежнува гаснењето на пожарот

Депонијата на влезот во Тетово од утрово повторно е запалена. И овој пат не се знае што е или кој е причинителот на овој пожар. Јавното комунално претпријатие на Тетово оваа депонија ја користи како претоварна станица за сметот што се собира од градот.

Од градот се гледа густ, црн чад, а екипи на тетовската територијална противпожарна единица интервенираат во обид да го изгаснат огнот од запалениот смет.

Граѓаните се жалат дека неподносливата смрдеа и чадот што се чувствува насекаде низ Тетово.

Огнот се шири кон силосите за жито на „Жито Полог“, а според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за неколку часа ќе се знае дали екипите на територијалната противпожарна единица ќе успеат да го изгаснат пожарот или ќе биде потребна помош.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани четири цистерни, а ветерот ги усложнувал условите за негово локализирање.

Од општината на неколкупати најавуваа дека овој простор ќе се расчисти од смет и оти веќе нема да се користи како претоварна станица.

Теута Арифи, градоначалничката на Тетово неодамна изјави дека за оваа намена со ребалансот на буџетот имало 12 милиони денари. По расчистувањето на целиот простор и дезинфекцијата, тука е планирана изградба на станбени и индустриски објекти.

Фотографии од социјални мрежи

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе