Голем пожар му се заканува на манастирот Трескавец кај Прилеп

Над 50-тина хектари со борова и нискостеблеста шума вечерва горат околу манастирот Успение на Пресвета Богородица-Трескавец кај Прилеп. 

Пожарот, според информациите од Прилеп, започнал околу 16 часот над новите градски гробишта и тој моментално се шири со огромна брзиина. Гори целата планина околу манастирскиот комплекс. На терен се излезени екипи на против пожарната единица како и доброволци кои упатуваат апел до граѓаните да се вклучат уште вечерва во гаснење на пожарот затоа што постои голема опасност манастирот повторно да се запали. Се претпоставува дека причина за пожарот е човечки фактор.

„Ги замолувам сите мои сограѓани да дојдат тука да помогнат околу гаснењето на огнот, моментално сме мала група на луѓе и се наоѓаме многу блиску до манастирот Трескавец. Дојдете за да не ни се случи повторно да изгори овој наш храм. Се бориме со натчовечки напори за да го изгаснеме огнот, но тој се шири со огромна брзина“, вели Филип Илиески, еден од доброволците кои го гаснат пожарот.

Во опасност од големиот пожар се и населените места Горно Село, Мажучиште и Забрчани. Вечерва увид во гаснењето на пожарот извршил и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој го осуди намерното подметнување на голем дел од пожарите кои што се на територија на Општина Прилеп. На територија на Општина Прилеп моментално се активни 4 големи пожари.

Командирот на ТППЕ-Прилеп, Станко Колески вели дека пожарот се шири со огромна брзина кон манастирот.

„Моментално има мали екипи на луѓе кои гаснат. Последниве денови има повеќе пожари на територија на Општина Прилеп. Како екипа интервенираме со денови. Гаснењето во вакви услови е отежнато, терените се многу лоши, а температурите се високи. Повикуваме граѓаните да не палат оган на отворен простор и да ја почитуваат забраната за движење во шумите“, рече Колески. 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе