Кукли со силна порака во Кавадарци

Годишно во светот во канџите на трговија со луѓе влетуваат околу 2,5 милиони лица

„Ние не сме производ за продажба", „Украдени луѓе-украдени соништа", „Жртвата не го бира трговецот, трговецот ја бира жртвата", се само дел од пораките испишани врз кукли на градскиот плоштад во Кавадарци, со цел да се подигне свеста и да се превенира ропството на 21 век, а како одбележување на 18 Октомври, европски ден за борба против трговијата со луѓе.

Куклите имаат црвени ленти на устите како симбол дека жртвите на трговијата со луѓе како криминал, немаат право на глас. Најчесто жртви се деца и припадници на женскиот пол.

Годишно во светот во канџите на оваа трговија влетуваат околу 2,5 милиони лица, од кои половината деца – рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција и претседател на кавадаречкиот Црвен крст.

Учесници во настанот се ученици од средните училишта кои испишаа и транспаренти, поделија и едукативни флаери.

Каракулев нагласи дека организаторите, Полициска станица од општа надлежност и Црвен крст, се меѓу најуспешните во државата.

Особено внимание предизвика пантомимата среде град, со која исто така на еден сликовит начин, се упати порака за злото наречено трговија со луѓе.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе