Глеј пакет за А1 корисници

А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата соработка со првата македонска национална видео-стриминг платформа Глеј и ја информира јавноста дека отвора уште една можност за своите корисници да пристапат до богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии на едно место, сите преведени на македонски и албански јазик.

Со оваа соработка, сите постпејд А1 корисници на мобилните и фиксни услуги добиваат ексклузивна можност да пристапат до атрактивните содржини на Gley со активирање на Глеј стандард пакетот за месечна претплата од само 299 денари месечно и тоа да ги следат Глеј содржините на 2 уреди истовремено или да го активираат Глеј фемили пакетот и за 399 денари месечна претплата да гледаат на 4 уреди истовремено. Дополнително, сите кои ќе активираат еден од двата пакети добиваат период од 7 дена бесплатно следење на Глеј содржините.

Активацијата на Глеј пакетите е можна преку Мојот А1, со повик во контакт центарот на А1 на 077 1234 или преку продажните места на А1. Со активацијата, корисникот ќе добие код кој ќе го употреби при регистрација на Gley со што ќе може да ужива во најпопуларните серии и филмови кога било и каде било и да ги следи на сите уреди по свој избор во HD резолуција со квалитетен звук на ЛГ, Самсунг и Андроид TВ смарт-телевизорите, на персонални компјутери, таблети или мобилни телефони со инсталација на апликацијата Глеј.

Комерцијален текст

 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе