Наместо во затвор осудениот во Бугарија

Гинекологот Дамчевски што лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија

Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија, пренесе НОВА. Наместо да оди на издржување на казна затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи. Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1, 6 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејноста во траење од 8 години.

Додека македонските правосудни органи и МВР се уште проверуваат каде е, НОВА го пронајде во Бугарија каде слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом". Таму Дамчевски слободно закажува термини и прегледува и лекува пациентки.

НОВА во потрага по Дамчески, за да провери дали навистина работи во Медицинскиот центар закажа термин за преглед, преку бугарска државјанка, која се приклучи на нашата истрага. Но, договорениот термин, за денеска(среда) во 9 часот и 20 минути, не се реализираше, бидејќи беше само потврда дека Дамчевски навистина работи и прегледува таму.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе