Реакција

Гинекологија: Донаторската кампања нема врска со блокираната сметка на клиниката

Откако денеска во јавноста се појавија информации дека сметката на клиниката е блокирана за тужбени барања, се огласија од скопската Клиника за гинекологија. Од таму демантираат дека донаторската кампања е поврзана со овие тужбени барања.

„Станува збор за судиски процеси водени за ретинопатии кај новороденчињата од 2008г. период во кој воопшто не постоела скрининг програма во државата. Станува збор за оштетувања на видот кај новороденчиња родени со исклучително мала телесна тежина и голема незрелост. Дојдена е извршна пресуда од 40.974.561 денари, сума на процеси од пред 10 години која сега би требало одеднаш да се плати – се наведува во соопштението од Гинекологија.

Од таму потенцираат дека собраните средства ќе бидат наменети за набавка на нова опрема, опрема која застарела или во изминативе 10 и повеќе години клиниката не ја поседувала. 

„Потенцираме дека собраните средства ќе бидат наменети за набавка на нова опрема, опрема која или застарела од изминатите 10 и повеќе години или опрема која не сме ја поседувале. ЈЗУ У ГАК во моментот располага со доволно ресурси за нормално функционирање и во најкус можен рок ќе ја надмине новонастанатата состојба.Поврзувањето на двата случаи и давање погрешен дискурс на кампањата и судските процеси не смеат да бидат предмет на злоупотреба пред јавноста“, се наведува во соопштението.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе