За потребите на полициските единици

Германија донираше чизми и 20 возила за МВР

Германија му подари на МВР на Република Северна 20 возила "Дачија дастер", вредни околу 323.000 евра како и 351 пар чизми. Во рамки на богатата, повеќегодишна билатерална соработка меѓу двете министерства во делот на донациите ова е трета германска донација за потребите на полициските единици при МВР, чија што вкупна вредност ја надминува цифрата од 660.000 евра.

"Во сите овие години наназад, практично од осамостојувањето на нашата земја до денес, Сојузна Република Германија беше една од оние земји кои што без нималку задршка или двоумење, даде огромен придонес во нашите напори да изградиме стабилно, демократско и просперитетно општество подготвено да стане рамноправен член на евро-атланските асоцијации", рече денеска, меѓу другото, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод врачувањето на вредната донација на германското сојузно министерство за внатрешни работи во возила и опрема наменети за потребите на граничната полиција при Бирото за јавна безбедност на МВР на Република Северна Македонија.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе