Генералниот директор на МЖ-Транспорт поднесе оставка

Генералниот директор на „Македонски железници – Транспорт“, Никола Костов, си поднел оставка, откако цела недела вработените во железници протестираат поради неисплатени плати. 

Вработените во „Македонски железници“ штрајкуваат веќе шести ден, поради што патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин.

Владата вчера одлучи да ѝ исплати директна помош од 70 милиони денари на компанијата, за непречено функционирање и за надминување на проблемите.

Железничарите велат дека ниту некој ги информирал, ниту добиле пари. Не отстапуваат сѐ додека во целост не биде исплатена јануарската плата.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе