ОД 1 ЈУЛИ 2016 ГОДИНА

ФЗОМ: Зголемување на капитацијата за матични лекари

Фондот за здравство, по анализа на состојбите во примарното здравство, одлучи да го зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари.

Бенефитот од оваа мерка, соопштуваат од Фондот за здравствено осигурување,  ќе го почувствуваат 1.527 тимови на  матични лекари  кои што работат  во 1.085 ординации со кои Фондот има склучено договор во 2015 година. Оваа мерка ќе значи и подобрување на состојбата во примарната здравствена заштита која ќе се рефлектира и на  1.768.939 осигуреници кои имаат избрано матичен лекар,  бројка која бележи континуиран пораст од година во година.

Во просек, велат оттаму, секој матичен лекар има 1.159 пациенти за кои Фондот исплаќа 104.367 денари. По нашата одлука, која ја верификува Управниот одбор на Фондот, и по добивање согласност од Министерот за здравство, ќе биде објавена во Службен Весника на РМ.

Зголемувањето ќе почне да важи од 1 јули 2016 година.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе