ФУЕН изгласа резолуција за правата на Македонците во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 62. Конгрес што се одржува во Клуж ­Напока во Романија едногласно усвои Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија, предложена од македонското друштво „Илинден“ од Тирана. ­ 

„Нашето друштво, како официјален член на ФУЕН, го искористи правото да ја достави Резолуцијата до конгресот што се одржува во Клуж­Напока, Република Романија. За неа гласаа сите 300 делегати­ претставници на 50 асоцијации на повеќе од триесет малцинства од исто толку земји во Европа“, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и учесник на Конгресот.

Според него, ваков документ ФУЕН изгласува по вторпат. Првпат тоа било на Конгресот одржан во мај минатата година во Вроцлав, Полска. Резолуцијата содржи седум точки со кои се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба на Советот на Европа „за регионални и малцински јазици”, да се признае македонското национално малцинство во Голо Брдо, Гора и на целата територија на Република Албанија, државната телевизија (ТВШ) да емитува програма на македонски јазик, како и да се учи на мајчин македонски јазик во државните школи во областа на Голо Брдо, Гора и на оние места каде живее значителен број припадници на македонската етничка заедница.

Во Резолуцијата се бара да се преиспита и административната поделба спроведена 2015 година, која според македонското малцинство во Република Албанија е чекор назад во почитувањето на правата на македонското малцинство во Голо Брдо и Гора. Се предлага и во сите општини каде живеат повеќе од 20 отсто Македонци, покрај албанскиот, официјален да биде и македонски јазик и да се обезбеди финансиска поддршка од Министерството за култура на Албанија за кутурни и од Министерството за образование и спорт за задоволување на образовните потреби на македонското национално малцинство.

ФУЕН оваа Резолуција ќе ја достави до Владата на Република Албанија и меѓународните институции.

МИА

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе