Убавините на природата

Фотозамките снимија рис во Маврово (ФОТО)

Во Националниот парк „Маврово" е направена нова фотографија од балкански рис. Фотографијата од преубавото животно е направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на овој вид на животно. Проектот се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво.

Состојба со рисот во Македонија е загрижувачка. Со најновите процени, популацијата на рисот во целиот негов потенцијален регион на Jугозападен Балкан изнесува околу 40 возрасни единки.

Оваа процена е добиена благодарение на директното пребројување на единки во јадровото подрачје – НП Маврово и нивна понатамошна екстраполација низ преостанатите погодни станишта. Пребројувањето на единки се вршеше со помош на светски прифатениот метод на фотозамки во 2008, 2010, 2013, 2015 и 2018 година.

Во Националниот парк и неговата потесна околина се среќаваат помеѓу 10 и 18 рисови, со просечна густина од 1,7 риса на 100 км2. Фактот дека популацијата е помала од 50 возрасни единки го сместува балканскиот рис во категоријата на критично загрозен (CR) според еден од критериумите на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) и како таков е ставен од 2015 година на Црвената листа на IUCN.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе