Жителите на Врапчиште се кренаа против обложувачниците

Првпат во Македонија се одржа и таков бунт - против обложувачниците

Единаесетгодишни ученици наместо на час, посетувале спортски обложувачници. Џепарлукот наместо за ужинка, го трошеле на ливче за спортски натпревари, со надеж дека ќе имаат среќа да заработат. Ова ги крена на протести жителите на гостиварското село Врапчиште, со единствено барање, спортските обложувачници да „испарат" од нивното село. Првпат во Македонија се одржа и таков бунт - против обложувачниците.

автор: Александра Филиповска | фото: Роберт Атанасовски

Информациите на овој веб-сајт не се официјални информации од Владата на САД и не ги претставуваат гледиштата или ставовите на УСАИД или Владата на САД

Објавено

Вторник, Март 13, 2018 - 09:51