Гласање на Претседателските избори 2024 година, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85,Торонто-117,Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.
Другите наши граѓани кои живеат во странство своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата.
Организацијата и спроведувањето на двојните избори е во тек. ДИК ја започна дистрибуцијата на недоверливиот материјал, додека доверливиот материјал ќе започне да се дистрибуира во недела.
Гласањето е во среда на 24 април, а ден претходно гласа дијаспората, болните и изнемоштените, лицата во притвор и затворениците.