По понудите во Министерство за здравство

Фирма формирана во април единствена на тендерот тежок 35 милиони евра

Само една фирма се јавила на големиот тендер за реагенси чии понуди беа отворени пред неколку дена во Министерството за здравство. Станува збор за фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, (друштво со ограничена одговорност) која е формирана на 18.04.2018 годинава, пренесува Нова ТВ. Од Министерството за здравство потврдуваат дека при отворање на понудите е констатирано дека се пријавила само една фирма.

„ Комисијата за јавни набавки врши евалуација на понудата, согласно член 140 став 1 од Законот за јавни набавки, а доколку доставената понуда е валидна се применува член 125-а став 1 од истиот Закон. Во случај кога е поднесена само една понуда која е прифатлива или останала само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Бидејќи во моментов тендерот е во фаза на евалуација не сме во можност да одговориме на Вашето прашање, дали постапката ќе биде успешна или ќе се поништи", се вели во одговорот од ресорното министертво до Нова ТВ. 

Оваа фирма никогаш не работела со набавки на реагенси, а не е познато ниту дали и колку вработени има, нема никаква референца и основана е во момент кога во Министерството за здравство беше најавен големиот тендер за реагенси со кој министерот Филипче најави голема заштеда, велат извори за НОВА кои се директно вклучени во бизнисот со реагенси.

Од документите во Централен регистар се гледа дека фирмата е регистрирана со странски капитал, како микро фирма со влог од само 5000 евра. Како таква, оваа фирма треба да застапува тендер тежок цели 35 милиони евра, толку колку чини капиталниот објект на новата Клиничка болница во Штип.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе