По изјавата на Бузаку

Финансиската полиција демантира дека вчера влегла во ИВЗ, пријава добиле денес

Управата за финансиска полиција во целост ја демантира изјавата на Скендер Бузаку кој вели дека е новиот поглавар на ИВЗ и кој вчера пред новинарите изјави дека ја повикал и Финансиската полиција да направи проверка за работењето на Реџепи. 

„Управата за финансиска полиција во целост ги демантира објавените информации од страна на одредени медиуми дека на ден 23.04.2019 година од страна на овластени лица на Управата е извршен увид и контрола во просториите на Исламската верска заедница (ИВЗ). Управата за финансиска полиција нема превземено никакви дејствија и активности со цел контролирање на финансиското работење на ИВЗ“, велат од Финансиската полиција. 

Од таму додаваат дека пријавата за барање финансиска контрола во ИВЗ е примена денес и откако истата ќе биде разгледана, ќе се одлучи кога инспекторите ќе влезат во просториите на објектот. 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе