Специјалната обвинителка на судењето за петкратното убиство

Фетаи: Подготвена сум да доаѓам и секој ден да работиме на „Монструм“

 По одложувањето на судењето за случајот “Монструм“ кое беше причина за жестоки реакции на роднините на убиените, обвинителката на СЈО , Фатиме Фетаи на судијата Огнен Ставрев му порача дека ако е потребно таа е подготвена и секој ден да доаѓа да се работи на овој процес. Ваквото нејзино излагање следење откако адвокатката Дафинка Ивановска која е законски застапник на дел од оштетените му предложи на судијата, наместо во август, заштитениот сведок да се сослуша од понеделник.

Судијата Огнен Ставрев рече дека на тој начин ќе го прекрши законот. По ова тој нагласи дека може да помогне со тоа што освен двата датуми, 22 и 24 август, за датум за судење ќе го определи и 31 август. 

На денешното рочиште за случајот требаше да биде сослушан заштитениот сведок и за прв пат јавноста да биде присутна на вакво сослушување. Но, поради болест на судијата Осман Шабани судењето се одложи за во август. 

К.Д.

 

 

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе