Судијата Огнен Ставрев рече дека на тој начин ќе го прекрши законот. По ова тој нагласи дека може да помогне со тоа што освен двата датуми, 22 и 24 август, за датум за судење ќе го определи и 31 август.
На денешното рочиште за случајот требаше да биде сослушан заштитениот сведок и за прв пат јавноста да биде присутна на вакво сослушување. Но, поради болест на судијата Осман Шабани судењето се одложи за во август.
К.Д.