Поради координирано неавтентично однесување

Фејсбук брише лажни профили од Македонија, Косово, Иран и Русија

Компанијата Фејсбук соопшти денеска дека отстранила повеќе лажни профили од Македонија, Косово, Иран и Русија. Станува збор за профили за кои е наведено оти е забележано „координирано неавтентично однесување".

Компанијата објави дека „вкупно 2.632 страници, групи и профили се избришани од Фејсбук и Инстраграм поради операции поврзани со споменатите земји".

Тоа се први такви интервенции на Фејсбук во овие држави.

Претходно, Фејсбук во текот на овој месец отстрани стотици лажни профили во Велика Британија и Романија поради промовирање содржини кои поттикнуваат поделби.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе