Федерацијата на планинарски спортови оформи комисија по трагичната смрт на планинарите

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија формира специјална комисија која ќе ги анализира околностите под кои загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски, стои во соопштението објавено на нивната веб-страницата.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

„Федерацијата на планинарски спортови на Македонија изразува жалење и сочуство до семејствата и сите планинари, љубители на планината и природата за прерано згаснатите животи на нашите Калина Велевска и Александар Миновски, членови на Планинарскиот Клуб Трансверзалец од Скопје. Федерацијата со огромна тага и неверување ја прими информацијата за трагичната несреќа која се случи за време на планинарската тура организирана и реализирана од ПК Трансверзалец и уште во текот на вчерашниот ден оформи специјална комисија, составена од наши членови и екперти за немилиот настан. Комисијата ги очекува сите релевантни податоци од надлежните институции во Република Македонија и соседна Република Грција, како и официјалните податоци од организаторот на планинарската експедиција. Од огромна важност за Федерацијата ќе биде да се направи темелна анализа за трагичниот настан. Болката и тагата за прерано згаснатите животи не може да се надомести со ништо, но вистината за трагичниот настан заслужува да ја знаат семејствата, планинарите и нашите членови. Во меѓу време сакаме да се воздржиме од шпекулации и дезинформации за настанот, затоа што ваквите настани заслужуваат темелна и длабока анализа во соработка со сите надлежни институции…
По добиените официјални информации и сознанија ФПСМ ќе излезе со свој став по повод немилиот настан.“

Семејствата за загинатите вчера преку писмо побараа од Планинарскиот сојуз на Македонија итно да го преиспита случајот за да се утврди евентулната одговорност и да се испита причината за настанот за кој има неколку противречни верзии.

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе