Зголемен број на полицајци кои ги чуваат Зекај, Укшини и Калачи

Ел Чека го крена на нозе Истражниот затвор во Шутка, се проверува секое ќоше од ќелиите и шеталиштата

Пораката на Ел Чека човекот кој објавува „бомби" од Чикаго, до премиерот Зоран Заев дека им се подготвува нешто на тројцата обвинети од „Диво Насеље" кој презедоа одговорност дека стојат зад објавените разговори, ги крена на нозе надлежните во Истражниот затвор во Шутка. По неговата вчерашна објава до премиерот, во затворот во Шутка каде се наоѓаат Валдет Зекај, Сами Укшини и Шефќет Калачи се преземаат мерки за поголема безбедност на овие лица, но и на целото притворско одделение.

Дирекоторот на затворот Ѓоко Котевски во изјава за МКД.мк вели дека направени се проверки во сите соби, обиколки на шеталиштата и зголемен е бројот на затворски чувари во една смена.

„Ја видов изјавата во врска со тоа дека им се подготвува нешто на овие лице кои се наоѓаат во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Информации за такво нешто до нас нема, ниту пак има некакви закани кои се упатени до затворот. Согласно последните препораки на Управата за извршување на санкции и препораките за подигање на нивото на безбедност по последните настани со поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, преземени се мерки за поголема безбедност во затворот. Направен е план за прошетки и променети се протоколите и процедурите. Тоа значи дека на прошетка излегуваат притворени лица само од една соба и нема мешање со други соби и се под надзор на полицаец", вели директорот Котевски.

Тој дополнува дека уште во текот на вчерашниот ден Секторот за обезбедување направил проверки на собите и обиколка на шеталиштата,а зголемен е и бројот на затворски чувари и раководни лица. Според првиот човек на Истражниот затвор во Шутка можноста да им се случи нешто на овие лица е сведена на минимум.

 Од Основното јавно обвинителство во врска со пораките на Ел Чека ни изјавија дека ја следат состојбата и дека доколку има потреба ќе се преземат мерки согласно законските надлежности. 

Калачи пред неколку дена преку неговиот адвокат Насер Рауфи испрати порака дека тој, заедно со Укшини и Зекај стојат зад објавувањето на „бомбите".

Причината која ја навеле во пораката испратена преку адвокатот Рауфи е дека бараат да се открие вистината за „Диво Насеље" и да се казнат сите они кои, според нив се вмешани во овој, како што велат обвинетите, нарачан судски процес.

За терористичките напади во Куманово беше донесена првостепена пресуда, а по одржаната јавна седница сега се чека одлука на Апелацискиот суд во Скопје.

К.Д.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе