Економија

Компаниите во Технолошко - индустриските равојни зони (ТИРЗ) во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Увозот бил за 8 проценти повеќе од лани истиот период, а бројот на вработени во зоните во јануари достигнал речиси 16 400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022.

05 Февруари 2023 - 13:17

Заменик-претседателот на Владата на Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи најави дека набрзо ќе биде промовиран првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелегенција - АДА, преку кој компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и државната помош која ја нудиме.

05 Февруари 2023 - 12:57

Брако почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на Бралко од индустријата за медицинска опрема

05 Февруари 2023 - 12:49

Бугарија е петти по ред трговски партнер на Македонија. По 2021 инвестициите од Бугарија во земјава се со забавено темпо, пишува Порталб.мк. Има обиди за „затоплување“ на економските релации во тензичен политички амбиент.

04 Февруари 2023 - 20:10

Во јануари пазарните инспектори извршиле повеќе од 1.500 надзори на цела територија на Македонија, а по спроведените надзори издадени се  прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат.

04 Февруари 2023 - 12:59

Иницијативите за законско нормирање на холдингот, за промена на даночниот третман на кусоците во малопродажбаи и за стопански фондации се само дел од предлозите и идеите на искусниот стопанственик и менаџер Гоце Камчев, кои Комората ги разработи и предложи до надлежните институции.

04 Февруари 2023 - 10:25

По кратко боледување денеска почина Гоце Камчев, основач и претседател на Кам маркети.

03 Февруари 2023 - 22:08

Владата денеска донесе одлука со која го задолжи Комитетот за преговори за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 да ги започне преговорите со стратешкот партнер на 6 февруари 2023 година, соопштија од Владата.

03 Февруари 2023 - 18:18

Министерот за економија, Крешник Бектеши, преку објава на Фејсбук денес изнесе одредени тврдења во однос на домашниот пазар со природен гас кои што се целосно неточни, а не сподели клучни информации што се од особено значење за начинот на кој функционира набавката на енергенси во земјава, се вели во реакцијата на „Макпетрол“.

03 Февруари 2023 - 15:26

Министерот за финансии Фатмир Бесими негира дека тој или некој во министерството им се заканувал на незаадоволните вработени откако тој самиот ја повлече одлуката за покачување на нивните плати за 30 отсто. „Имаше разговор со раководители на сектори по седницата на Владата, а не закани“, вели Бесими и додава дека има пари за покачувања и дека тие ќе бидат кон вработените и во администрацијата, но и дека одлуките се носат во парламентот.

03 Февруари 2023 - 14:36

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денескa беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи. Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.

03 Февруари 2023 - 14:33

Со данокот на солидарност ќе бидат опфатени околу 200 компании кои оствариле екстра профит во износ од над 10 милиони евра, а сумата што се предвидува да се добие од овој придонес е 80 милиони евра, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. „Ова не е време на изобислтво, туку на солидарност, кога секој ќе треба да придонесе за општеството", потенцира Ковачевски

03 Февруари 2023 - 13:54

Според податоците на берзата Хупекс (HUPX) во Унгарија за 3 февруари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 149,65 евра/мегават час. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 20 - peakload) постигна ниво од 172,35 евра за мегават час.

 

03 Февруари 2023 - 12:14

Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година.

03 Февруари 2023 - 12:07

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 1 февруари.

03 Февруари 2023 - 12:02

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе