Зошто треба да ги искористите можностите за дополнителното осигурување на животот?

Животот е прекрасен, но непредвидлив. Не можеме да знаеме што ќе се случи следниот ден, а уште помалку што ќе се случи по пет, десет, дваесет години. Со склучување полиса за животно осигурување вие осигурувате, штедите и градите предуслови за финансиска сигурност. Животното осигурување е еден од најдобрите начини да ги осигурите својата иднина и иднината на вашето семејство. Овој тип осигурување обезбедува заштеди, ја создава потребната финансиска резерва и помага во непредвидени животни ситуации.

Со склучување договор за животно осигурување имате можност да склучите дополнително осигурување што ќе ви го комплетира чувството на сигурност. Дополнителното осигурување ви овозможува, покрај основното осигурување, да склучувате договори и осигурувања што обезбедуваат заштита од специфични ризици.

Дополнителното осигурување може да биде од особен интерес за оние лица што не постигнуваат заштита од покриени ризици на друг начин, но и за оние осигуреници што веруваат дека им е потребна дополнителна гаранција.

Во Кроациа осигурување - живот постојат многу продукти и опции за осигурување на животот, кои нудат и можност за избор на еден или повеќе видови дополнителни осигурувања. Па така, со која било полиса од осигурителното портфолио на Кроациа осигурување, како што се:  Индивидуално осигурување на животот, Кажи „ДА“ осигурување, Мое образование, Ексклузив осигурување на животот, Твој кролајф инвест и Ризико плус осигурување како дополнителни осигурувања нудат: осигурување од незгода, здравствено осигурување од тешки болни состојби, здравствено осигурување од малигни болести, здравствено осигурување во случај на операции, дополнително ризико осигурување (освен кај Ризико плус осигурување), дополнително осигурување за ослободување од плаќање премија во случај на траен инвалидитет или неспособност за работа.

Светот на осигурувањето е разновиден и ги покрива различните човечки потреби за помирен живот. Вам ви останува да решите што е најдобро за вас и што ги исполнува сите ваши очекувања. Со склучувањето полиса вашиот живот ќе добие поинаква смисла затоа што ќе бидете сигурни дека лесно ќе се справите со сите предизвици што ги носи иднината.

Комерцијален текст

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе