Зошто согорувањето е најголемиот проблем при пушењето цигари

Согорувањето во било кој облик е штетно - мотори, оган за огрев или цигари. Сите овие процеси на согорување испуштаат штетни материи во воздухот, кои ја загадуваат околината. За да дојде до процес на согорување, потребни се три работи: гориво, кислород и топлина. Кога станува збор за цигарите, тутунот е горивото што го снабдуваме со топлина, главно во форма на отворен пламен од запалка, додека кислородот доаѓа од воздухот.

Кога ќе се запали цигара, доаѓа до согорување. Во тој момент се создава чад од тутунот и високите температури предизвикуваат создавање на повеќе од 6.000 различни хемикалии, а за околу 100 се знае дека се штетни и потенцијално штетни. Преку процесот на согорување, покрај штетниот чад се и катранот, амонијакот, арсенот и други канцерогени состојки кои му штетат на здравјето.

Сите овие материи кои се присутни во чадот од цигарите, а се создаваат при согорување на тутунот го уништуваат и оставаат последици по здравјето на пушачите и непушачите кои се во нивна непосредна близина преку пасивното пушење. Тие последици се манифестираат преку проблеми со белите дробови, инфаркт, мозочен удар, но и малигни заболувања.

Пушачите се свесни дека цигарите се штетни, но како што вообичаено е случај со навиките, не е лесно откажувањето од нив. Покрај тоа што е важно да се разбере проблемот на пушењето, важно е и пушачите кои од различни мотиви не се откажуваат од цигарите, да се информираат за сите можни опции, кои го вклучуваат и информирањето за помалку штетните алтернативи.

Кај иновативните тутунски производи, како Aјкос (IQOS), глобално најпознатиот бездимен уред од оваа категорија, ситуацијата е целосно поинаква. Тој функционира така што не го согорува тутунот, туку го загрева. При консумирањето не се создава чад од тутунот, туку аеросол. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 98 проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки.

Бидејќи при консумацијата не го согоруваат, туку го загреваат тутунот, алтернативните тутунски уреди не произведуваат ни катран, туку аеросолен остаток. Овој остаток содржи значително пониски нивоа на штетни состојки, додека активните пушачи по долгогодишниот стаж во организмот можат да имаат дури 500 грама наталожен катран.

За целосно разбирање на разликите, важно е да се напомене дека, иако се подобра опција, овие алтернативи не се без ризик и ослободуваат никотин кој создава зависност. Електронските уреди за загревање на тутунот се наменети исклучиво за возрасни пушачи кои инаку би продолжиле со пушењето цигари. Најдобра опција за секој пушач е да се откаже од пушењето и никотинот, но оние кои сакаат да продолжат со оваа навика имаат избор да одберат помалку штетна алтернатива.

Комерцијален текст

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе