Разните несреќи можат да го оштетат па дури и уништат домот и предметите во него. Санирањето на последиците од ваквите непредвидливи настани и обновувањето чини многу и трае долго, но само доколку домот и предметите во него не се осигурени. Со домаќинско осигурување на домот, односно станот, куќата, покуќнината и вредните предмети, се превенираат големите трошоци што можат да бидат предизвикани од несреќа, а и секојдневието е безгрижно и без мисла што може да се случи. Токму во тоа е значењето и специфичноста на овој вид осигурување.
Затоа, со домаќинското осигурување од Кроација може да се осигураат а на тој начин заштитат станбените објекти, односно стан, куќа или викенд куќа, предмети и апарати во домаќинството и сето она што за некого претставува вредност.
Ова осигурување опфаќа опширна листа опасности и ризици кои може да бидат закана за домот, како пожар, удар од гром, експлозија, бура, град, излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации и уреди и цевки за топловодни инсталации, провална кражба и разбојништво или паѓање на воздушни летала. Опфатено е сè што може а не сакаме да се случи на нашиот дом, сè што може да ја наруши хармонијата и безгрижноста на секојдневието.