Полисата за индивидуално животно осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и е единствениот што овозможува комбинација на штедење и осигурување, а обезбедува заштита од финансиски загуби што можат да настанат како резултат на несакани настани. Комбинација од трите неопходности што ни се потребни и се наш штит наспроти неизвесноста на иднината и тоа што ни носи животот.
Предноста на животното осигурување е што со склучување на полисата ќе почувствувате олеснување знаејќи дека парите што ги ставате настрана ќе ве заштитат вас и вашите најмили во случај на несакани настани. Колку порано ќе почнете да размислувате за иднината и дел од парите ќе ги одвојувате за животно осигурување, толку полисата ќе биде поповолна, а собраните средства можат да ви послужат за најразлични цели: покомфорен живот, школување на децата, купување автомобил, обнова на домот и др.
Полисата за индивидуално осигурување на живот го има водечкото место во портфолиото на Кроација oсигурување - живот, претставувајќи најатрактивна комбинација од карактеристики и придобивки кои вклучуваат: сигурен облик на штедење со истовремено осигурување; загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањетo; финансиска сигурност за вас лично и за вашето семејство; можност да создавате капитал за вашите идни планови; брза исплата при настанување осигурен случај, како и капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија.
Индивидуалното животно осигурување на Кроација е временски неограничено, а осигуреници можат да бидат лица од 14 до 65 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија е 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента.
Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризико осигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести, или во случај на оперативни зафати. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.
Со право се смета дека животното осигурување е мудра одлука. Да ја донесеме навреме, со цел подобро да се заштитиме себе и нашите најблиски.
Комерцијален текст