Жито Лукс инвестира во модернизација на производната линија

Жито лукс инсталираше нова, современа технолошка опрема за пакување на тост лебовите на парчиња. Целта е модернизација на процесот, но и унапредување на квалитетот и зголемување на безбедноста на производот. Потрошувачите ќе може да ја забележат промената деновиве. Примената на новата технолошка опрема, исто така, ќе го зголеми и капацитетот на производство во оваа растечка категорија.

„Со инвестициите што ги спроведуваме во последните неколку месеци, правиме големи чекори напред во обезбедување ефикасност и одржливост на нашата компанија. Со оваа нова инвестиција, ги надградуваме нашите стандарди во создавање модерен, попрактичен и безбедно спакуван тост леб на парчиња, со врвен квалитет, сѐ со цел да одговориме на барањата на потрошувачите, што е и наш приоритет. Овие инвестиции се реализираат во тешки и предизвикувачки времиња за целото општество и светската економија и јасно го прикажуваат духот на луѓето во нашата компанија, за што сме многу горди”, велат од менаџментот на Жито лукс.

Ова е втора голема инвестиција во Жито лукс што следи по неодамнешната модернизација на производството со целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе