Железничкиот возен ред изменет и дополнет за време на полициски час и за викенди

Од Железници-Транспорт АД Скопје информираат дека од 6 април од 00:00 часот ќе биде воведен нов План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење за време на полициски час од 21:00 часот до 05:00 часот и за време на деновите во викенд.

Возови кои ќе сообраќаат:

– релација Велес – Скопје – Велес:

– воз бр. 601/2080/2081/2082 – со поаѓања од Скопје и Велес по возен ред.

– релација Скопје – Гевгелија – Скопје:

– воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред,

– воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија по возен ред, и

– воз бр. 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +32 мин. и поаѓање од Велес во 06.45 часот.

– релација Скопје – Кочани – Скопје:

– воз бр. 651 по возен ред, ќе сообраќа до Велес.

– воз бр. 650 од Велес со поаѓање во 16.50 часот

– релација Скопје – Битола – Скопје:

– воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред,

– воз бр. 642 со поаѓање од Битола по возен ред,

– воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред,

– воз бр. 645 од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме, со поаѓање од Скопје во 19.15 часот и ќе сообраќа до Велес, и

– воз бр. 640 од Битола со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +151 мин. со поаѓање од Битола во 05.45 часот,

– релација Скопје – Кичево – Скопје

– воз бр. 660 со поаѓање од Скопје по возен ред,

– воз бр. 661 со поаѓање од Кичево по возен ред,

Возови кои нема да сообраќаат:

– релација Скопје – Табановце – Скопје изостануваат следните возови: 600, 601, 611, 2020, 2022,

2023, 2024 и 2025 (Известување бр. 807/2 од 25.03.2020 година); o релација Скопје – Велес – Скопје: изостанува воз бр. 2083 и воз бр. 600;

– релација Скопје – Гевгелија – Скопје: изостанува воз бр. 631 и и воз бр. 630 на релација Гевгелија – Велес,

– релација Скопје – Битола – Скопје: изостанува воз бр. 644 и воз бр. 645 на релација Велес –Битола,

– релација Скопје – Кочани – Скопје: изостанува воз бр. 650 на релација Кочани – Велес и воз бр. 651 на релација Велес – Кочани,

Сообраќај на возови во деновите за време на викенд (сабота и недела): Возови кои ќе сообраќаат во сабота:

– воз бр. 661 од Кичево,

– воз бр. 640 од Битола и – воз бр. 630 од Велес.

Во недела патничките возови нема да сообраќаат

Во понеделник патничките возови:

– воз бр. 661 од Кичево, нема да сообраќа,

– воз бр. 640 од Битола, нема да сообраќа,

– Ќе сообраќа, ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес, со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, како врска за возот бр.630 на релација Велес – Скопје со поаѓање во 06.45 часот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе