ВЛАДА

Зголемување на процентот од приходите од ДДВ за рамномерен развој на општините

Владата на Република Македонија на денешната 22 седница ја донесе Уредбата за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2018 година, којашто е дел од документи за рамномерниот развој на општините. 

Владата, како што соопштија оттаму, за ова очекува и дополнителни мислења од ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, врз основа на кои ќе се градат идните политики за зголемување на процентот од приходите на додадена вредност кои од буџетот се наменети за општините.

Владата, меѓу друготорасправала и за Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2016 година и овој извештај ќе биде доставен како информација до Собранието.

Исто така, било договорено да се формираат работни групи за подготовка на нов закон за енергетика, а се зборувало и за потребата од изготвување на стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен План за нејзино спроведување.

Со оглед на тоа што оваа стратегија е дел од агендата на Планот 3-6-9, владата ги задолжи Министерство за правда и Министерство за финансии (Управа за јавни приходи; Царинска управа; Управа за финансиска полиција; Управа за финансиско разузнавање), да достават номинации за членови на Работна група за изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен План за нејзино спроведување.

Владата одлучила да се обезбедат 150.000.000,00 денари за потребите на ЈП Македонија пат, откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе