Во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 52 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 19,6 проценти, а кај странските зголемувањето е за 145,6 проценти.
Според ДЗС, во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 36,5 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 14,6 проценти, а кај странските зголемувањето е за 164,7 проценти.