Зголемен бројот на туристи и ноќевања

Бројот на туристите во државава во ноември 2021 година изнесува 38.997, од кои 45.5 проценти се домашни, а 54,5 проценти се странски. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во ноември 2021 година изнесува 90.693, од кои 49,3 проценти се од домашни туристи, а 50,7 отсто од странски туристи.

Во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 52 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 19,6 проценти, а кај странските зголемувањето е за 145,6 проценти.

Според ДЗС, во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 36,5 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 14,6 проценти, а кај странските зголемувањето е за 164,7 проценти.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе