Проект Агри-Е-комерц

Земјоделски производи преку интернет до купувачите

Петнаесет македонски агро-производители бесплатно ги усовршија своите дигитални вештини и веќе се во процес на пласирање на нивните производи на македонските платформи за интернет купување во рамки на проектот Агри-Е-комерц (Agri E-commerce), што го спроведува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Целта на проектот е да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од една страна, а од друга, да им помогне на локалните агро-производители да ги продаваат своите производи надвор од својата област на живеење – преку Интернет.

„Ковид пандемијата ја забрза дигитализацијата на македонскиот пазар. Сите засегнати во производството и трговијата мора да ги следат новите правила што ги налагаат ситуацијата и пазарот. Нашиот фокус е да бидеме присутни на онлајн платформите на македонскиот пазар, а во некои идни планови и на европскиот пазар“, изјави Блаже Миневски од винаријата „Бади".

Во рамки на проектот, агро-производителите поминаа низ четири различни обуки за зајакнување на дигиталните вештини меѓу кои: учење на основите, можностите и регулативите во е-трговијата, практични примери и совети поврзани со маркетинг на социјалните медиуми, запознавање со алатките за дигитален маркетинг за е-трговија и запознавање со условите за онлајн продажба кај различни е-трговци.

Софија Шутова од агро-бизнисот „Сид оф лајф" што е дел од учесниците на овој проект, вели дека обуките донеле големи придобивки во нивното работење.

„Обуките беа пред сè многу практични и интерактивни. Предавачите имаа големо искуство во областа на онлајн продажбата и маркетингот, па можевме директно да поставуваме прашања и да учиме од нив. Конкретно мене најмногу ми користеа споделените алатки за креирање на привлечни содржини на социјалните медиуми и советите за креирање маркетинг стратегија“, рече Шутова.

Во моментов проектот се наоѓа во последната фаза, каде што агро-производителите одржуваат состаноци со е-трговците од најпознатите македонски веб платформи за е-трговија и договараат детали за пласирање на нивните производи.

„Веќе почнавме со примена на некои од насоките за уште поуспешно водење на нашиот бизнис, благодарение на кои ги бележиме и првите резултати во форма на подобрена комуникација на социјалните медиуми“, додава Маја Чубриќ од охридскита агри-компанија „Трек Ми".

Производите од агро-производителите кои се дел од програмата  наскоро ќе бидат достапни на дел од најпознатите веб платформи за е-трговија.

Проектот „Agri E-commerce" е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе