Здружението на штедачи од „Еуростандард“ се сретна со претставници на Делегацијата на ЕУ

Здружението на оштетени физички и правни лица „Правда за штедачи“ вчера се сретна со претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава и детално ги информирале за стечајот на „Еуростандард банка“ и за состојбата во која се најдоа оштетените депоненти на Банката по отворањето на стечајната постапка, како и со активностите што се преземаат за надминување на овој проблем.

Претставниците на Здружението, како што се наведува во денешното соопштение, ја информирале Делегацијата на ЕУ дека повеќе од една година од отворањето на стечајната постапка, сѐ уште нема процесуирано ниту една кривична постапка и дека Основниот граѓански суд Скопје што ја води стечајната постапка сѐ уште не ја спровел одлуката на Уставниот суд, иако се поминати повеќе месеци од нејзиното донесување.

„Но, решението на Основниот граѓански суд Скопје по однос на ова прашање и неговото (не)спроведување на Одлуката на Уставниот суд, кај оштетените депоненти од ‘Еуростандард банка‘ раѓа основан сомнеж дека се подготвува нов грабеж на депозитите заробени во стечајната маса. И тоа на очиглед не само на депонентите туку и на пошироката јавност. Наша задача е навреме да укажеме на тоа и да изразиме надеж дека Апелацискиот суд Скопје, каде предметот се наоѓа во жалбена постапка, ќе има доблест да застане на патот на грабежот и неправдата. Тоа го бараме и тоа го очекуваме од Апелацискиот суд Скопје“, се наведува во соопштението од Здружението „Правда за штедачи".

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе