Збогатена кредитна понуда на Охридска банка за физички лица

Охридска банка ja проширува промотивната понуда на кеш, хипотекарните и станбените кредити од своето портфолио. Со воведување на нови промотивни услови, клиентите на банката имаат можност за лесно исполнување на желбите и креирање на долгорочни финансиски планови, како и стабилно инвестирање во недвижен имот.

Новата и збогатена понуда на кеш кредити им излегува во пресрет на клиентите кои имаат потреба од стабилна банкарска понуда за остварување на идеи и планови на долг рок. Лесен кеш кредит вклучува рок на отплата до 10 години, фиксна и гарантирана каматна стапка за целиот период на отплата, со максимален износ на кредит од 1,5 милиони денари и без административни трошоци до 15 јануари 2020 година. Ова значи дека за износ на кредит од 1,5 милиони денари, и избор на понуда 1+9, во првите 12 месеци клиентот ќе добие фиксна каматна стапка од 5,1% и месечна рата од 15.986 денари, а од 13-от месец до крајот на рокот за отплата, клиентот ќе добие фиксна каматна стапка од 7,8% и месечна рата од 17.856 денари. Клиентите имаат на располагање уште две понуди 2+8 и 4+6 од кои можат да бираат во зависност од сопствените преференции. Повеќе детали во однос на различните понуди може да се прочитаат на веб-страницата на банката.

Во однос на станбените кредити, станбениот кредит „5+“ на Охридска банка нуди нова, промотивна и фиксна каматна стапка за првите пет години од 3%, а за преостанатиот период каматната стапка е варијабилна. Па така, доколку одреден клиент сака да купи стан, или куќа, за што му е потребен кредит во износ од 30.000 евра, во првите пет години клиентот ќе плаќа месечна рата од 166 евра, а по петтата година, месечната рата, би изнесувала 169 евра. Воедно, клиентите може да го искористат промотивиниот период без административни и без нотарски трошоци до 15 јануари 2020 година.

Дополнително, во промотивниот период, за клиентите кои сакаат да ги спакуваат сите обврски во една месечна рата и да плаќаат помалку, кеш хипотекарниот кредит на Охридска банка е достапен без административен трошок и фиксна каматна стапка од 4,5% за првите три години.

Промотивните услови на понудата на кредити на Охридска банка важат до 15 јануари 2020 година. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе