Заврши откупот на тутунот од реколтата 2017, највисоката просечна откупна цена е 217,60 денари

Во рамки на предвидениот законски рок, на 15 март, заврши откупот на тутун од реколтата 2017, при што од регистрираните 9 откупни компании, откуп вршеа 8 претпријатија. На една компанија не ѝ било дозволено да откупува тутун бидејќи не обезбедила финансиски средства за исплата на целокупната договорена и откупена количина на тутун од тековната реколта.

Откупните тутунски претпријатија, како што соопшти владата, по општини и населени места пријавиле вкупно 146 откупни пунктови за редовен откуп на суров тутун во лист од реколта 2017 година. При тоа откупени се вкупно 23.559.122 килограми тутун, со просечна откупна цена од 217,60 денари за килограм, а откупениот тутун е во целост исплатен.

„Од откупениот тутун, од типот ‘јака’ се откупени 2.447.601 килограми, со просечна откупна цена од 212,93 денари за килограм, а од типот ‘прилеп’ се откупени 21.111.455 килограми со просечна откупна цена од 218,14 денари за килограм“, се вели во владиното соопштение.

Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство извршиле контроли во откупните тутунски претпријатија во сите пријавени откупни пунктови каде што е вршен откуп на тутун и било констатирано дека ги исполнуваат условите за вршење на откуп согласно законските одредби, како и дека согласно рокот на исплата пропишан во договорите, редоследно се врши исплата на тутун на тутунопроизводителите според датата на предавање на тутун.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе