Доцна синоќа

Заврши амандманската расправа за Буџетот

Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот заврши доцна синоќа, соопшти денеска заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, порачувајќи дека ликвидноста на Буџетот е добра и ќе бидат исплатени сите обврски кон буџетските корисници.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешното положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Ковачевски истакна дека мерките кои се имплементирани во ребалансот на Буџетот се во насока на одржување на стандардот на граѓаните и на стопанството.

Во однос на проекциите на Светска банка за македонската економија, Ковачевски рече дека со нив само се потврдени предвидувањата на Владата и на другите меѓународни финансиски организации за негативните стапки на раст предизвикани од кризата.

„Во светло на тие проекции се креирани мерките и граѓаните и компаниите не треба да се грижат. Во Владата секојдневно сме на располагање и во текот на трите месеци кои се пред нас до крајот на годината, но и во 2021 година која исто така ќе биде година што ќе почне погодена со вирусот. Постојано ќе работиме со нив и ќе ги адаптираме мерките онака како што најдобро можат да и помогнат на секоја индустрија поединечно", рече Ковачевски.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе