Инспекциски совет

Затворени уште 22 угостителски објекти, неосновано покачени цени, кај аптеките нема прекршувања

Дополнителни 22 угостителски објекта се затворени во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово, а околу 60 трговци неосновано покачиле цени на производи, претежно на лимоните, покажуваат контролите на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Тие спровеле 5.155 надзори од 22 до 27 март, информираше денеска претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

На денешната прес-конференција таа кажа дека во тек на 748 контроли што ги спровел Државниот инспекторат за труд се изречени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата, а Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од Ковид-19.

Како дел од активностите за контрола на почитувањето на мерките и активностите од Владата за спречување на коронавирусот,  шесте инспекторати при Инспекцискиот совет спровеле вкупно 7.637 надзори од 22 до 27 март.

При спроведени 367 надзори од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени 19 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедноста на храна од овластени институции, а констатирана е и работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка, при што вработените се веднаш отстранети од објектот. Дополнително се издадени и четири решенија за месарници и маркети за констатирана општа лоша хигиенска состојба во објектите поради што е наредена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 246 инспекциски надрзои и дополнително издал 2.774 дозвили за влез на професионални возачи на товарни возила во државава, а констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за зашитита од Ковид 19.

Државниот инсекторат за транспорт, пак спровел 180 контроли спровел и констатирал дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран и намален за 90 проценти, а еден автопревозник не ги почитувал препораките за преполовување на бројот на патници.

Кај аптеките не се откриени специфични отстапувања, а Агенцијата за лекови извршила 36 надзори. Секторот, како што рече Филиповска Грашкоска, ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број лица, а цените се согласно препораките на Владата.

Филиповска Грашковска најави дека инспекторите продолжуваат да работат интензивно и секој кој нема да ги почитува мерките ќе биде санкциониран, затоа што тие се донесени, пред се, за заштита на јавното здравје.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе