Зголемено непочитувањето на протоколите за работа

Засилени контроли на инспекторите за Нова година за спречување на ширење на вирусот

Бројот на угостителски објекти кои не ги почитувале протоколите за работа во изминатиата недела се зголемил за 50 проценти во однос на неделата пред тоа. Од инспекторатите најавуваат за новогодишните празници засилени контроли и неселективно постапување. 

„На ден сме пред новогодишната ноќ и ја користам приликата да апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од големи прослави и да нема гурпирање. Надлежните инспекциски служби во текот на новогодишните празници ќе спроведуваат интензивни контроли на терен со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните“, рече на прес-конференција денеска претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска.

Таа соопшти дека во перидот од 21 до 27 декември бројот на затворени угостителски објекти е зголемен во споредба со периодот од 14 до 20 декемри за 50 проценти.

„Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат од 21 до 27 декември спроведоа 3864 контроли и 462 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на кафетерии и угостителиски објект, но и по други материјални закони. При спроведените надзори изречени се 32 прекршочни пријави, 62 решенија за констатираните неправилности и 43 прекршочни платни налози, Од вкупниот број решенија 13 се поради непочитување на Законот за заштита на население и протокол за работа на угостителски објекти и тоа за седум во Скопје и по два угостителски објекта во Гостивар, Тетово и Струга“, рече Филиповска-Грашковска.

Како што додаде, во сите овие угостителски објекти не се почитувало работното време или ограничувањето на четири лица на едно масса, на сите е изречена забрана за вршење дејност и затворени се на лице место, а се изрекуваат и прекршочни платни налози.

Потенцира дека инспекторите ќе спроведуваат контроли и во текот на новогодишната ноќ со цел да се спречи ширењето на вирусот. Инспекторите ќе постапуваат по пријава или добиено сознание за собири и доколку се утврди дека има организиран настан ќе се преземат соодветни мерки.

Се заблагодари на оние кои ги почитуваат протоколите и мерките за заштита, но се уште, како што рече, за жал има кои ова ситуација не ја сфажаа состојбата сериозно и преку себични постапки го загрозуваат јавното здравје и извести дека инспекторите ќе проодолжат со чести контроли и неселективно ќе ги санкционираат оние кои не ги почтуваат. Истовремено ги замоли совесните граѓаи да ги пријават оние кои не почитуваат.

Во периодот од 21 до 27 декември сите инспекторати извршиле 5200 надзори и контроли. Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 112 надзори и изречени се осум решенија, а издал и решенија за изолација 6576 што се за една четвртина помалку од претходната недела. Кај транспортниот иснпекторат не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз, МАЛМЕД изврпиле 21 надзор на аптеки и веледрогери и издадени се две решенија согласно законот за лекови и медицински помагала, Инспекторатот за труд изрекол 9 репениај и 11 прекршочни платни налози, девет пркроочни плати назлои за неносење заштитна маска на работно место, Агецијата за храна и ветеринарство имаше 290 надзори и издадени се 8 решенија, 10 едукации и 2 прекршочни платни а Државниот инспекторат за животна средина спроведе 41 надзор и за констарираните неправилности донесени се три решенија со задолжување на подобрување на работата на субјетките.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе