Загадување – горива

Вкупниот транспорт учествува со околу 30 проценти од вкупната емисија на ЦО2 во Европската Унија. Од нив, речиси 72 проценти се од патниот транспорт. Автомобилите се најголеми загадувачи и се одговорни за 60,7 проценти од вкупната емисија на ЦО2 од патниот транспорт во Европа.

ЕУ има за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за 60 проценти до 2050 година, споредено со нивото од 1990 година.

Постојат два начини за намалување на емисијата на гасови од возила – преку производство на енергетски поефикасни возила, или преку промена на погонското гориво што го користат. Сепак, поголемиот дел, односно 52 проценти од автомобилите во Европа денеска користат бензин.

Според податоците од Европската агенција за енергетика додека сите останати сектори имаат намалување на емисијата на ЦО2, кај транспортот тие сепак се зголемуваат.

За остварување на целите, ЕУ предвидува повеќе мерки, како што се зголемување на ефикасноста на потрошувачката на гориво кај новите возила, а со тоа намалување на просечната емисија на ЦО2 по изминат километар, како и промовирање и поттикнување на поголема употреба на алтернативни горива и тн.

Нема црно – бел одговор за тоа кој загадува повеќе, дизелот или бензинот

Модерните дизел возила имаат помала емисија на јаглероден моноксид од некои бензински мотори, особено поради фактот дека се поекономични и им е потребно помало количество гориво за исто изминати километри.

Генерално гледано, модерно дизел возило користи помалку гориво и со тоа емитува помалку ЦО2 во споредба со возило со бензински мотор и слична моќност. Но, истовремено при согорувањето на горивото, дизел моторот емитува повисоко ниво на цврсти честички во споредба со бензинскиот мотор.

ЕУ во 1992 година го претстави ЕУРО стандардот на емисија на гасови од моторни возила, што од година во година се заострува со цел намалување на емисијата на штетни гасови. ЕУРО стандардот ги опфаќа и мери емисијата на азотни оксиди - НОх, јаглерод моноксид – ЦО, јаглеводород – НЦ и цврсти честички - ПМ.

Кај дизел возилата со Еуро 5 и повеќе е задолжително присуство на ДПФ катализатори со кои се задржуваат 99 % од сите ПМ честички. Возилата со ДПФ филтер емитуваат околу 64 милиграми песок на изминат километар.

Дизел моторите емитуваат помалку ЦО2 и стакленички гасови бидејќи се енергетски поефикасни и трошат помалку гориво. Сепак, новите бензински мотори со директно вбризгување полека ја намалуваат просечната потрошувачка на бензинците, а со тоа ги намалуваат и ситните честички што се резултат на тоа согорување.

ЕУ поради се поголемата популарност на еко-буст бензинските мотори кон крајот на 2018 година воведе ЕУРО 6б стандард што го наметнува истите ограничувања на емисија на ситни честички како за дизелот, така и за бензинот.

На крајот, проценката за тоа кој мотор загадува повеќе најчесто е многу субјективно прашање и зависи од зафатнината на моторот и технологијата што ја користи, големината и видот на возилото, горивото што го користи, колку често се користи, дали на кратки или подолги релации, па се до стилот на возење и редовното сервисирање.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе