Заев со Асоцијацијата на странски компании: Потребен е консензус по прашањата за економскиот развој на земјата

Царинските стапки за увоз, инфраструктура, даночни политики, инвестициски трошоци, подобрување на законската, се дел од прашањата за кои разговарале премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим на онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвестиции, чиј претседател е Виктор Мизо.

Како што соопштија од Владата, Заев рекол дека важно е зголемувањето на довербата на инвеститорите, отпочнувањето на нови инвестиции, поттикнувањето на извозот, зајакнувањето на човечкиот капитал, а со тоа и подобрувањето на севкупниот економски раст во државата.

На состанокот учествувале вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески. Притоа било истакнато дека од голема важност е во Собранието да има консензус по однос на прашањата кои се од национален интерес за економски развој на земјата.

„Дополнително беше истакнато дека позитивен сигнал е растот на извозот. Согласно податоците на статистика, вкупниот извоз во јануари бележи раст од 15,5% во споредба со истиот месец лани и изнесува 32,5 милијарди денари. Ова е шести месец по ред како што извозот расте и воедно бележи најголема покриеност на увозот со извозот со стапка од 84,7%“, се наведува во владиното соопштение.

Во него уште се додава дека Владата во континуитет ги поддржува извозните компании и во петтиот пакет економски мерки до крајот на 2021 година се укинуваат царинските стапки за 71 продукт и суровина. За извозните компании дополнително се укинати и намалени царинските стапки за 31 суровина и за месо. Предвидено е и ревидирање на царинскиот тарифник и усогласување со правилата на ЕУ пазарот и пазарите на членките на Светска трговска организација.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе