Со одлука на Владата

Заев: Од задутре угостителите ќе работат до 21 часот

Премиерот Зоран Заев објави дека денеска на владината седница е донесена одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, почнувајќи од 21 јануари. Од идната недела можно е и дополнително пролонгирање на работното време, вели министерот Венко Филипче.

„На денешната владина седница ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21 часот.

Со оваа одлука заршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети“, објави Заев.

Во исто време, министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека следната недела, откако ќе ја анализираат епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе