Анкара

Заев од турскиот премиер Јилдирим побара квоти за извоз на телешко и јагнешко месо од Македонија

Унапредување на економската соработка меѓу двете држави и зголемување на трговската размена на една милијарда евра, беа главните теми на денешната средба во Анкара на премиерите на Република Македонија и Република Турција, Зоран Заев и Бинали Јилдирим.

„Ја искористивме приликата да побараме, Владата на Република Турција да размисли за овозможување квоти за Република Македонија, за извоз на телешко и јагнешко месо, како што е тоа овозможено за БиХ и Република Србија“, изјавина заедничката конференција за медиумите премиерот Заев.

„Сакам да порачам дека со голема загриженост ги следевме трагичните настани на 15 јули 2016 година. Го осудивме обидот за државен удар и ги поддржуваме демократските избрани институции на Република Турција. Јас и премиерот Јилдирим, и двете владини делегации, денеска разговаравме за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција. Благодарни сме на Република Турција за големата поддршка што ја дава оваа наша пријателска земја и на полето на инвестициите и за интеграциите на Република Македонија во НАТО… Лоциравме дека во енергетиката, земјоделството, индустријата, градежништвото и инфраструктурата, но и во одбраната и безбедноста, постојат и интерес и потенцијали да се продлабочи соработката и на тоа ќе работиме во претстојниот период“, рече Заев.  

Тој на конференцијата за медиуми упати отворен повик до инвеститорите од Турција.

„Уште еднаш и во оваа прилика ќе ја повикам бизнис заедницата во Турција, дојдете, запознајте се со новите услови и можности за инвестирање во Република Македонија, тие партнерства ќе бидат во интерес и на граѓаните на кои им се потребни нови вработувања, но и на придобивки на економски план, за двете држави“, порача премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Турција, Бинали Јилдирим рече дека расте интересот на инвеститорите од Турција за инвестирање во Македонија. Тој додаде дека има можности за продлабочување на соработката до трговска размена од една милијарда евра. Исто така и дека Република Турција ја поддржува Република Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе