Во Министерството за финансии

Заев најави зголемување на минималната плата

Реални и одржливи економски перспективи со повисоки плати, нови вработувања и инвестиции, најавија за годинава премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски кои на денешната прес-конференција информираа дека имаат намера да донесат одлука за ново зголемување на минималната плата, но се уште немаат конкретни рокови и бројки.

Според Заев, има реални можности пред крајот на мандатот, како што е ветено, да се постигне просечна плата од 500 евра во земјава.

„Минатата година ја завршивме со просечна плата од повеќе од 24 илјади денари или 400 евра. Можам да најавам дека дополнително ќе донесеме одлука за зголемување на минималната плата, бидејќи со нејзиното зголемување почна спиралата на раст на просечната плата што траеше до септември, а видовме дека продолжи и потоа”, рече Заев.

Резултат за пораст на платата, како што кажа, очекуваат да даде и тренингот на младите луѓе, младинската гаранција и активните мерки за вработување.

Инаку, просечната плата во изминатата година порасна за 5,7 отсто што е тројно повеќе од досегашниот просек од 1,9 отсто годишно.

Заев и Тевдовски денеска рекоа дека 2019 година треба да се гледа како година на остварување економски резултати и во која економијата ќе функционира за секого за што се поставени услови во изминатиот период

Ако се поситигне раст од 4 проценти во првиот квартал од годинава, според премиерот, може да се остварат проекциите за планираниот силен економски раст за целата година.

Тој исто така информираше дека над 70 отсто од корисниците на социјална помош ќе добиваат надомест од по 11.090 денари за разлика од претходниот износ од 3.000 денари, и оти ќе продолжи поддршката на домашните и странските инвестиции. Во годината што измина беа стартувани 16 нови странски инвестиции, 250 домашни фирми добија поддршка од државата, а надвор од индустриските зони се отворени 20 нови фабрики.

Заев  најави дека годинава следува сериозно придвижување на капиталните инвестиции, во што ќе предничи изградбата на железницата на Коридорот 8 откако изминатата година беа отстранети сите проблеми, а ќе продолжи интензивната изградба на патиштата.

Според министерот Тевдовски, економијата во Македонија заздраве, а приватниот сектор веќе е главен двигател на растот.  Дефицитот на буџетот изнесува 1,8 проценти од БДП и како резултат на тоа јавниот долг е ставен под контрола и е намален на 48,2 проценти во третиот квартал годинава.

Проекцијата за раст на бројот на вработени, пак, изнесува 2,1 процент и треба да придонесе стапката на невработеност да се намали под 20 проценти.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе