Заев: Ќе се интензивира економската соработка со Турција

Соработката меѓу Македонија и Турција ќе се интензивира, ќе се работи на зголемување на трговската размена меѓу двете земји, но и на нови инвестиции кои се важни за економскиот раст, порача денеска премиерот Зоран Зааев на средбата со делегацијата од Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО). 

Заев ги повика домашните компании, членки на МАТТО, да влезат, како што рече, во нови инвестиции за кои ќе добијат силна помош и поддршка од државата.

„Успехот на работењето на новата Влада го гледаме преку успехот што ќе го постигнуваат приватните компании и бизнисот. Наша цврста определба е да работиме како ваш сервис, да ги решаваме проблемите, но и да ги отвораме перспективите за нови инвестиции и развој на вашите бизниси. Веруваме дека ако бизнисот оди напред, ќе се отвораат шансите за квалитетен животен стандард на сите граѓани. Владата работи на градење стабилна и предвидлива бизнис клима за да можете вие и вашите компании слободно да планирате, да градите стратегии но и храбро да влегувате во нови инвестиции“, изјави Заев.

Според него, постои голем интерес за поволностите и поддршката што ги обезбедува Владата во планот за економски раст, еднакво и за домашните и за странските инвеститори.

Претставниците на МАТТО, предводени од претседателот на Комората Ајдован Адемоски, изразија поддршка на економските владини политики и очекувања за плодна соработка во иднина.

На средбата присуствуваа и вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и советниците на Заев за економија, здравство, енергетика и земјоделство.  

МИА

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе