Заев и Анѓушев со струмичките бизнисмени: Користете ги инвестициските можности

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска имаа работна средба со претставници на бизнис секторот од Струмица и струмичкиот регион и ги повикаа да аплицираат и да ги користат новите инвестициски можности.

Целта на овие средби, како што рече Заев, е да се поттикне вниманието на деловната заедница да ги користи сите механизми и алатки што им стојат на располагање за да можат да отворат нови производствени погони, да инвестираат во нови капацитети, да отворат нови работни места, да го зголемуваат бруто домашниот производ и секако да го зголемувата извозот.

„Го гледавме примерот за економски напредок на соседна Бугарија преку интеграциите во ЕУ и НАТО. Конечно се прекршија на позитивно работите и за нашата држава. На нашата земја ѝ треба економско зајакнување, а тоа е можно ако приватниот сектор напредува. Така ќе јакне економскиот стандард на граѓаните и економскиот капацитет на државата“, изјави Заев.

Според него, струмичкиот регион покрива повеќе од 150 илјади жители има огромна можност да даде силен придонес во вкупниот развој на државата, а како важен е елемент за целата деловна заедница го посочи инфраструктурниот развој.

„Автопатот Скопје-Штип ќе биде пуштен до крајот на мај. А интензивно се работи и на експресниот пат Штип-Радовиш. Ќе има патни поврзувања преку Вељуса директно до автопатот. Се прават конечните разговори за гасоводно поврзување на општина Струмица со Петрич, Република Бугарија. Се реализираат 49 патни правци низ државата“, информираше Заев.

Вицепремиерот Анѓушев, пак, рече дека Владата оваа година како никогаш досега има издвоено 70 милиони евра за поддршка на економијата, што е за 47 отсто повеќе од лани.

„Ја пренесовме пораката дека Владата ќе биде само пријател на стопанството, ќе прави економски амбиент за развој, ќе прави општ амбиент и политички и економски за развој на економијата и тоа е нашата цел, бидејќи по завршувањето на политичките процеси најважно е тоа да се материјализира во раст на економијата, најважно е да се материјализира во подобар живот на сите граѓани во нашата држава“, изјави Анѓушев.

Тој додаде дека ги охрабруваат добрите бројки по вчерашната информација од Заводот за статистика дека растот на индустриското производство во првиот квартал во 2019 година во споредба со истиот период лани е 8,8 отсто повисок што е рекорден раст во еден квартал во последните повеќе години. Тоа на Владата ѝ давало основа да се очекува дека и растот на бруто домашен производ во првиот квартал ќе има значителни поместувања нагоре и рекордни бројки.

На средбата присуствуваа голем број стопанственици од регионот, кои поставија повеќе прашања до премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев, како и до градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе